| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот Трајановски го исчисти срамот на вандалите: Плоштадот им припаѓа на граѓаните, а не е мегдан на хулиганите

koce-1-768x576

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вечерва го чистeше плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, откако претходно беше обоен од страна на опозициските поддржувачи, кои протестираа и денеска.

2016-06-06__1_

Вандализам, ултиматум и дивеење. СДСМ и “шарените“ вандали вечерва целосно го обоија скопскиот плоштад откако со кофи фрлаа црвена боја и со ваљаци во рацете размачкуваа по целата површина на плошатадот.

koce-1-768x576

На овој начин, „Шарената револуција“ зад која стои СДСМ и СОРОС денеска продолжи со уништување на спомениците и плоштадот „Македонија“.

koce-6

Граѓаните кои се шетаа низ центарот на градот не можеа да поминат низ плоштадот, па мораа да заобиколуваат по споредните улички.

koce-5

По ваквата акција на опозициските вандали, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски лично се погрижи за чистење на плоштадот од атакот на “шарените“ и како што може да се забележи на фотографиите, истиот е целосно исчистен.

koce-4

Во чистењето помогна и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.

koce-3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top