Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вечерва го чистeше плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, откако претходно беше обоен од страна на опозициските поддржувачи, кои протестираа и денеска.
Вандализам, ултиматум и дивеење. СДСМ и “шарените“ вандали вечерва целосно го обоија скопскиот плоштад откако со кофи фрлаа црвена боја и со ваљаци во рацете размачкуваа по целата површина на плошатадот.
На овој начин, „Шарената револуција“ зад која стои СДСМ и СОРОС денеска продолжи со уништување на спомениците и плоштадот „Македонија“.
Граѓаните кои се шетаа низ центарот на градот не можеа да поминат низ плоштадот, па мораа да заобиколуваат по споредните улички.
По ваквата акција на опозициските вандали, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски лично се погрижи за чистење на плоштадот од атакот на “шарените“ и како што може да се забележи на фотографиите, истиот е целосно исчистен.
Во чистењето помогна и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од Александар Македонски на Плоштад веќе нема да се слуша музика
-
Неуморно на терен-Трајановски со поддршка за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски и советниците
-
Плоштадот Маршал Тито во Загреб преименуван во Плоштад Република Хрватска
-
Трајановски: СДС само ветува, ВМРО – ДПМНЕ остварува – во Скопје реализиравме проекти во сите десет општини