| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите бараат спас – земјата каде многу ученици имаат секс со професорите

Наставничката по англиски јазик Александрија Вера (24) признала дека абортирала после повеќемесечната врска со еден од нејзините ученици кој во тој период имал само 13 години.

102819-147504

Извештаите за бројот на недолични врски помеѓу професори и ученици во училиштата во Тексас се закануваат да го засенат минатогодишниот рекорд од 188 пријавени случаи.

Од први септември минатата година, Агенцијата за образование од оваа американска држава спровела истрага за 162 случаи на сексуални врски помеѓу деца и нивните наставници, од кои некои ги полнеа медиумските статии.

Најпознатиот случај меѓу нив беше и Кели Вилијамс, кој сексуално искористувал 11 – годишно девојче со кое дури правел и порно снимки, па поради тоа е осуден на 60 години затвор.

секс

Неговата колешка Елизабет Ремзи од Данканвил моментално служи десетгодишна затворска казна поради двегодишна сексуална врска со 17 – годишен ученик на кој му предавала математика, а кој боледува од Асшергеров синдром.

На ист начин јавноста ја шокираше и наставничката по англиски јазик Александрија Вера (24) која призна дека абортирала после повеќемесечната врска со еден од нејзините ученици кој во тој период имал само 13 години.

Експертите велат дека за ова „соборување на рекордот“ од година во година најмногу ги обвинуваат социјалните мрежи имајќи во предвид дека децата порано не можеле да стапат во контакт со своите наставници надвор од училниците или училишните ходници, додека денес Фејсбук, Твитер, Снепчет и други им овозможуваат во секој период да ги контактираат професорите, после што нивната комуникација (очигледно) често заминува во секакв правци…

Сепак, никој не негира дека главните, односно единствените виновници за тоа се наставниците, бидејќи нивна должност е да знаат до каде е границата и да инсистираат на неа.

„Наша цел не е само да спречиме да дојде до вакви односи, туку и да ги препознаеме оние кои почнале да се развиваат во таа насока и да делуваме“, вели Кристина Грин, директорка на Организацијата за заштита на правата на децата од Тексас, пишува Dallasnews.com.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top