| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена бензинската „Џеги петрол“ во тетовско Џепчиште

Вооружен разбојник ноќеска еден час по полноќ упаднал во бензинската пумпа во тетовско Џепчиште и со присила го одзел дневниот промет од вработените.

Двајцата вработени во „Џеги петрол“ пријавиле дека им била одземена чанта со околу 10.000 денари.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top