Вистина е дека за да ослабнете потребно е големо внимание на исхраната, како и физичка активност, но до прејадување може да дојде и кога јадете здрава храна. Тоа не само што му паѓа тешко на желудникот, туку и го вознемирува целиот организам.
За да избегнете прејадување, како еден од главните проблеми и штетници на организмот, постои еден едноставен, а генијален трик.
Овој корисен совет го сподели блогерот Брендон Нгујен, основач на блогот посветен на здравиот живот „Чил пил“
– Наједноставниот начин да јадете побавно и помалку е приборот за јадење да го држите во недоминантната рака – советува тој.
Значи, ако сте деснак обидете се да јадете со левата рака и обратно.
– Можеби прво ќе ви е тешко секој оброк да го јадете така, па почнете да вежбате пример само со вечерата, кога и сме најсклони кон прејадување – вели блогерот.
Овој трик е ефикасен бидејќи ќе ви треба повеќе време за да јадете, па мозокот ќе го прими сигналот дека желудникот е полн пред да се прејадете. Со самото тоа што ќе јадете побавно, пак, помагате, не само на лнијата, туку и на желудникот.
Колку добар совет е ова потврдува психотерапевтката Сузан Хепбрн, специјачист за здрава исхрана и слабеење.
– Истражувањата покажаа дека консумирањето на храната со раката што не е доминантнаможе за 30 отсто да ја намали количината што ја јадеме – вели таа, додавајќи дека не само што ни е незгодно да јадеме така, туку и тоа не тера да помислиме дали сме гладни.
Ако одговорот е „не“, советува таа, тогаш престанете да јадете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.