Времето денеска претпладне во источните делови ќе биде нестабилно, а од пладне на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни.
Температурата ќе се движи од 20 до 31 степен. УВ-индексот ќе биде 7.
Во Скопје и околината претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северопзападен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 29 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.