| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите фатени во тесно: Еве како се одвива офанзивата кон главното упориште на ИСИС (ВИДЕО)

Голема офанзива се одвива во провинцијата Рака, силите на Асад за 48 часа навлегоа дури 75 километри.

na-svetot-mu-se-zakanuva-vojna-so-dzhihadisti-169567

Руската новинска агенција објави видеа на кои може да се види брзиот напредок на сириската армија против џихадистите на Исламската држава. Во моментов операцијата е насочена кон заземање на клучните населби околу главниот град на Исламската држава – Рака.

На видео снимките можат да се видат возила, тенкови и артилерија на сириската армија како заземаат позиции за напад на ИСИС кај Закијах, стратешко место на самата граница помеѓу двете сириски провинции, Рака и Хама.

Локални извори пренесуваат дека сириската војска во последните 48 часа напредувала дури 75 километри длабоко во внатрешноста на провинцијата Рака. Напредокот на сириската армија е поддржан од бомбардирања на руското воено воздухопловство.

ofanziva-provincija-raka-tocka-2016-01

Офанзива на Рака – Сириските сили со поддршка на руските бомбардери напредуваат од југ, а од север напредуваат Курдските и арапските сили поддржани од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top