Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ја посети спортската сала во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Оризари, изградена во рамки на дел од владиниот проект за изградба на 140 спортски сали во државава.
Во изградбата на салата се вложени 40 милиони евра, а учениците веќе ја користат со што, според Груевски, е исполнето ветувањето од страна на партијата.
– Тука бев во декември кога беше во фаза на градба, а сега е завршена и се користи. Тоа е прва сала во Оризари, а втора во Кочани. И двете сали се со простор за публика, целосно опремени со реквизити за различни спортови, мал фудбал, пинг понг, гимнастика и други спортови, изјави Груевски.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски информираше дека заедно со проектите што ги спроведува за изградба на спортски сали Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт, годинава ќе се стаса до бројка од 98-99 спортски сали, најголем дел целосно завршени, а мал дел во завршна фаза.
– Веројатно во првата половона следната година ќе почне изградбата на стотата сала што ја прави оваа Влада и мене тоа ме радува, бидејќи работите се движат во добра насока односно онака како што е зацртано и ветено на граѓаните, пред се, на младите и на сите оние кои сакаат да се занимаваат со спорт, спортските клубови, училиштата, изјави Груевски за време на денешната посета на Општина Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски