Исклучително развиен самохран татко, кој го напушта универзитетот, за да се приклучи на циркус во Лас Вегас, стана славен на Инстаграм благодарение на поставените гимнастички акробации со неговиот тригодишен син. Вејн Скивингтон, кој е роден во Хановер, Германија, но израснал во Девон има илјадници онлајн фанови. Самохраниот татко, кој денес има 28 години, студира за спортски тренер во Leeds Metropolitan University.
Денес тој може да се пофали со повеќе од 25 000 Инстаграм следбеници кои со радост редовно ги следат неговите видеа и слики со неговиот син Рајан. Еве што кажа Вејн:
“Да се биде самохран татко, кој има две работни места и други интереси, како што е изработката на мебел, не значи дека немам доволно време за своето дете. Син ми е секогаш со мене”.
Вејн започнува да се занимава со гимнастика на четири години, кога неговиот татко, кој е воено лице, е распределен во Херфорд, Германија. Првата јавна претстава е за принцезата Ана за време на кралската посета во 1992 година. Покрај како акробат, самохраниот татко денес работи и како тренер. Тој го создал профилот на Инстаграм пред помалку од една година, кога почнува да ги објавува вежбите со својот син. Денес често прима пораки од родители инспирирани од неговите видеа, кои се обидуваат да ја подобрат комуникацијата со своите деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.