Необично големиот број на самоубиства на бизнисмени во Швајцарија ја наведе деловната заедница длабоко да се замисли како бизнисмените на високи позиции се носат со стресот, во време додека нивните компании се борат за одржување на статусот во глобалната економија, пишпува порталот „Денар“.
Минатонеделната смрт на поранешниот извршен директор на осигурителната куќа Zuerich Мартин Сен се случи по помалку од три години од самоубиството на финансискиот директор на компанијата на Pierre Wauthier.
Тој во прошталното писмо навел дека бил под голем притисок од страна на претседателот на управата Џозеф Акермен, но неговиот надреден во истрагата бил ослободен од обвинувањата.
Мартин Невил, извршниот директор на швајцарско-американската трговска комора вели дека бизнис заедницата била шокирана од смртта на овие двајца, прашувајќи се дали тоа можело да се спречи.
„Единствено што може да се направи е да се обрне поголемо внимание на сигналите“, вели тој.
Невил ги познавал обајцата, како и Карстен Шлотер, Германецот на чело на швајцарската телекомуникациска компанија Swisscom, кој си го одзеде животот во 2003 година, како и Алекс Видмер, челникот на банката Julius Baer, кој се самоуби во 2008 година.
Нивните судбини се во спротивност со сликата на Швајцарија како една од најбогатите и најстабилни земји во светот.
Стапката на самоубиства во Швајцарија е под светското ниво, слично како во Германија, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.
Невил вели дека самоубиствата не можат да се објаснат со швајцарската работна култура.
„Секој случај е за себе. Човечките суштества се толку комплицирани“, рече Невил.
Но, останатите говорат за генерација менаџери, во јазот меѓу многу амбициозните меѓународни инвеститори и конзервативната швајцарска традиција.
„Ако не успееш, се очекува да се исклучиш од разговорот и да се откажеш од сите идни амбиции. Од тебе се очекува повеќе да не се појавуваш“, вели Сузан Киш, поранешна банкарка во UBS.
Швајцарија изминатите години ја погоди забавен економски раст и висок курс на франкот, што му наштети на извозот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.