Бразилскиот интернационалец Дани Алвеш ја напушта Барселона и се сели во италијанскиот првак Јувентус. Тој го потврди трансферот во редовите на „старата дама“, најавувајќи дека ова е нов голем чекор во неговата кариера, со желба да го освои трофејот во Лигата на шампионите и со новиот клуб.
– Среќен сум што можам да објавам дека доаѓам во Јувентус, клуб со кој ќе се обидам повторно да бидам најдобар во Европа, но и да освојувам трофеи во Италија. Освоив многу титули со Барселона, но сега е време за една нова епизода, сакам да уживам во Италија и да го одведам заедно со новите соиграчи Јуве на врвот на Европа. Кога е Барселона во прашање, не велам збогум, туку догледање, затоа што и понатаму сум голем фан на клубот – изјави Дани Алвеш, објавувајќи фотографија на Инстаграм во „црно-белите“ бои, напоменувајќи дека ќе потпише договор до 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.