Средношколците денеска ќе отпочнат со полагање на државната матура. Полагањето почнува во 10 часот со задолжителниот предмет мајчин јазик а во текот на идната недела и полагањето по математика, странски јазик и изборен предмет.
Оваа учебна година за државната матура пријавени се 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование.
На 9-ти јуни ќе се полага математика, на 13-ти јуни ќе се полага странски јазик а на 15-ти јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.