| четврток, 6 декември 2018 |

Фернбахче славеше во првиот натпревар од финалето, Антиќ остана на клупата

fenerbahce

Екипата на Фенербахче со победа го отвори финалниот плејоф во Турција, совладувајќи го големиот ривал Ефес со минимални 87-85.

На првиот меч Фенер тргна лошо, па дури и во третиот период имаше негатива од 12 поени (40-52), но сепак, на крајот успеа да се избори за голема победа и водство во финалната серија. Избраниците на Обрадовиќ ја анулираа негативата во финишот на третиот период (57-57), а до водство дојдоа во средината на последниот, со 70-68. Највисоката предност кошаркарите на Фенербахче ја имаа во финишот кога водеа со 82-75.

Лидер кај Фенербахче беше Удо со 18 поени, а го следеше Мухамед со 17 поени, додека Весели и Мелих додадоа по 12 поени. Македонскиот кошаркар Перо Антиќ не доби минутажа на оваа средба. Наредниот меч од финалната плејоф-серија се игра на 5 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top