| четврток, 6 декември 2018 |

Вељуса се „дави“ во дивата депонија, од градоначалникот бараат служба за собирање смет

veljusa smetЖителите реагираат на дивите депонии околу селото Вељуса кои се појавуваат секојдневно. Купишта со смет може да се сретнат насекаде и во селото, а надлежните не преземаат ништо, иако жителите велат дека упатиле низа апели и барања до општина Струмица. Велат нивното населено место било едно од ретките во општината во кое не се собира сметот, услуга за која целото село е подготвено да го плаќа соодветниот надоместок.

-Отпадот, ѓубрето воопшто не се собира. Ѓубрето го фрла кој каде знае умее. Од градоначалникот сакаме да ни постави таква служба, ако треба ќе се плаќа само да може да го фрламе отпадот од дома, од домаќинствата. Сакаме да се собира ѓубрето и да се носи како сите општини што имаат. Ние важиме за една од најбогатите општини во Македонија, така се фалат, а ние од трите села Водоча, Баница и Вељуса немаме кај да го фрламе отпадот- вели Митко Стојменов, пренесува ТВСител.

Граѓаните посочуваат дека Вељуса и покрај тоа што важат за место со еден од најубавите и најпознати манастири во Македонија, туриститие кои секојдневно доаѓаат прво ги гледаат депониите и сметот, а потоа убавините на манастирот.

,-Секој ден тука има туристи од цела Македонија. Може да кажам дека сме најпосетено место, а не се превземени никакви мерки тука, тоа е срамно дело- вели  Ристо Стојменов.

Освен организирано собирање на сметот граѓаните на Вељуса бараат изградба на канализација и реконструкција на опожарената зграда на домот на културата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top