Неговиот трансфер во Милан и намалениот прилив на испади карактеристични и својствени само за него, беа само затишје пред бура. Марио Балотели гламурозно се врати со уште една изрека, од оние за кои не знаете дали да се смеете или да плачете.
Имено, Балотели е до толку убеден дека Реал Мадрид нема шанси против Борусија Дортмунд во полуфиналниот реванш од Лигата на Шампионите, што им ја понуди неговата девојка на сите фудбалери од кралскиот тим.
– Ако Реал се избори до финале, јас ќе и дозволам на мојата девојка да спие со сите нивни играчи – изјави тој, подсмевајќи им се за поразот од Дортмунд.
Имајќи предвид дека белгиската манекенка Фани, веќе седум месеци му е девојка на овој крал на глупавите испади, а нели „со кого си –таков и си“, таа не само што не се налутила, туку и кој знае, можеби и ќе го држи за збор. Причина повеќе да се навива за Реал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.