| четврток, 6 декември 2018 |

Опозициските „експерти“ Тортевски и Шкариќ на платниот список на СЈО

Двајцата наводни експерти кои во јавноста преку медиумите ги бранеа ставовите на опозицијата и СЈО, Светомир Шкариќ и адвокатот Александар Тортевски, се платени токму од Катица Јанева. Денес ова на прес-конференцијата на СЈО делумно го призна портпаролката Ленча Ристовска.

skaric-tortevski-lence

Ристовска не потврди со сигурност кои сѐ лица се наоѓаат на платниот список на СЈО ветувајќи им на новинарите дека ќе достават листа.

-Да, професорот Шкариќ и адвокатот Тортевски се, мислам дека се, ќе мора да проверам, меѓутоа мислам дека се ангажирани од ова Јавно обвинителство со тоа што детална листа за ангажирани експери ќе ви биде дополнително дадена – истакна Ристовска.

Зачудува фактот што Ристовска не знаеше да наброи колкумина „независни“ експерти добиле пари од СЈО, особено поради тоа што станува збор за  добро познати лица во јавноста. Истакна дека надоместокот кој тие го добиваат ќе биде објавен во рамки на шестмесечниот извештај на СЈО.

– Пред нивниот ангажман изработен е правилник врз основа на кој определување критериуми по кои ги ангажираме експертите и се определува секако надоместокот на експертите. Сите нивни примања ќе бидат дел од шестмесечниот извештаја кој транпарентно ќе биде објавен во септември – посочи Ристовска.

И покрај потврдата од Ристовска, Тортевски пред извесно време демантираше дека бил плаќан од СЈО.

– Категорички изјавувам дека од СЈO немам добиено ниту еден денар, ниту сум бил во нивните простории, ниту знам каде се наоѓаат. Сѐ што досега сум кажал за СЈО е резултат на моите лични убедувања и на мојата совест. Инаку, навистина ми е жал што не сум дел од тимот на СЈО, а доколку тие проценат дека можам да им бидам од каква било полза, тогаш сигурно ќе прифатам – вели Тортевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top