| четврток, 6 декември 2018 |

„Добредојде“ центарот утре во ГТЦ по шести пат организира добротворен меѓународен базар (галерија)

„Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC) и оваа година по шести пат ќе се вклучи во одбележување 1-ви јуни Меѓународниот ден за заштита на правата на детето. Како и претходните години DMWC, заедно со амбасадите во Македонија, бизнис заедницата, невладиниот сектор, меѓународните училишта, го оганизира DMWC Добротворниот меѓународен базар.

12

Почесен преседател на Базарот 2016 е Н.Е. г-дин  Чарлс Гарет, Амбасадор на Република Италија во Република Македонија, а главен покровител е град Скопје. Собраните средства од Базарот ќе бидат наменети за  Дневниот цетар за деца од улица – Шуто Оризари.

img-0250

Добротворниот базар ќе се одржи на 4-ти јуни, сабота, во  ГТЦ  (приземје) Скопје со почеток во 11 часот. Базарот за отворен ќе го прогласат:

Г-ѓа Емилија Миладинова Аврамчева – претседател на DMWC

Г-дин Коце Трајановски – гардоначалник на Град Скопје

Н. Е г-дин Чарлс Гарет – амбасадор на Велика Британија во Македонија и почесен претседател на Базарот за 2016 година.

china-1

  • Средствата од Базарот во 2015 година беа наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“– Капиштец;

Средствата од  Базарот во 2014 беа наменети за децата од посебното основното училиште „Златен Сремец“,Скопje;

img-5203-wine-stand

  • Средствата од  Базарот во 2013 беа наменети за децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов Синдром – Скопје;
  • Средствата од Базарот 2012 беа наменети за поддршка на децата во посебното основно училиште “Илинден“Скопје.

img-0323

Програма:

11.00 часот – отворање на Базарот

11:30 -13:00 Музичко-сценски настап на ученици од: Американско училиште (American School), Британска детска академија (Британска градинка), Дневен центар за деца од улица – Шуто Оризари, Француско меѓународно училиште, КУД Цветан Димов, Меѓународно училиште НОВА, Меѓународно училиште Кју – Ес – Ај (QSI), НВО Сумнал, Центар за модерни и спортски танци „Прима Данца“

14:00 Лотарија –  извлекување на добитни броеви

15:00 Доделување на благодарници на учесниците и спонзорите

16:00 Затворање на Базарот

Aмбасади кои ќе промовираат и продаваат производи и сувенири од нивните земји:

  • Амбасада на Република Албанија
  • Амбасада на Република Бугарија
  • Амбасада на Велика Британија
  • Амбасада на Република Италија

. Амбасада на Исламска Република Иран

. Амбасада на Држава Катар

  • Амбасада на Народна Република Кина

. Амбасада на САД

  • Амбасада на Република Србија
  • Амбасада на Република Словачка
  • Амбасада на Република Словенија

. Амбасада на Република Турција

  • Амбасада на Република Франција
  • Амбасада на Црна Гора
  • Амбасада на Кралството Шпанија

. Амбасада на Кралството Холандија

Меѓународни Организации:

. ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа

. Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ)

. Делегација на УНИЦЕФ, Скопје

. Делегација на Европската Унија, Скопје

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top