Еден од најпознатите свечени фустани кои ги носела британската принцеза Дајана е дадена на аукција и може да се купи по цена од 150 илјади долари.
Сино-зелениот фустан на дизајнерката Кетрин Вокер кој Дајана го носеше за време на посетата на Австрија во 1986 година е на онлајн-аукција, каде што досега достигна цена од 150 илјади долари.
Принцезата овој фустан го носеше и на забавата „Дајмон бол“ во 1990 година.
Со фустанот се продава и капутот на Емануел котур кој таа го носеше во 1985 година за време на посетата на Италија. Капутот достигна цена од 14 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.