| четврток, 6 декември 2018 |

Адел лута: Не снимај! Јас сум тука, а не на дивиди (ВИДЕО)

Адел замоли свој фан да престане да ја снима со камерата за време на нејзиниот концерт во Верона, Италија. 28-годишната пејачка се обрати кон дама од публиката со зборовите: „Може ли да престанете да ме сликате со оваа камера, бидејќи јас всушност сум тука, на сцената. Може да ме видите со свои очи, а не преку камерата“. Адел додаде дека тоа не е дивиди, туку вистинско шоу и ја повика публиката да му се наслади, бидејќи има многу други кои го сакаат тоа, но не успеале да присуствуваат на концертот.

1464864409-15-300x169

Светската турнеја на Адел почна во почетокот на март со концерт во Белфаст, Северна Ирска. Европскиот дел од турнејата на пејачката ќе заврши во Антверпен, Белгија, во јуни.
Во јули со концерт во Сент Пол, Минесота, ќе стартува северноамериканскиот дел од турнејата на британската пејачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top