| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Гета лично ги покани фановите на спектакл во Скопје!

Задоволство ни е да ве информираме дека една од најголемите глобални музички ѕвезди, Дејвид Гета, лично ги покани македонските фанови преку неговата официјална страница на „Фејсбук“ (над 55 милиони следачи), на фестивалот „Skopje Calling“ кој ќе се одржи в недела (05 јуни), во арената „Филип Втори“.

Нема поголема промоција за една мала држава како што е Македонија, од една од најголемите музички ѕвезди на денешницата, како што е Дејвид Гета.

На најголемиот музички настан ова лето во Македонија, покрај Гета, ќе настапи германскиот суперстар диџеј Робин Шулц, како и големата светска музичка сензација Ера Истрефи.

На овој линк е видеото, од официјалната страница на Дејвид Гета.

https://www.facebook.com/DavidGuetta/videos/10153476324211356/?pnref=story

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top