Во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од 3 јуни 2016 година, ќе читате:
Силен на зборови, кукавица на дело
Заев остана единствениот аболиран политичар
Претседателот Иванов му даде добра шанса на Зоран Заев да си го обели сопствениот образ. Не само нему, туку и на сопругот на неговата заменичка, познатиот Бобо Дајнерс, кој, исто како и Соња Верушевска, молчи за можноста да ја симне дамката од своето име. Заев сега може да докаже дека е невин, тоа што толку години го тврди. За промена, има можност да потврди барем еден единствен сопствен исказ. „Револуционерно“ расположен, изјави дека ќе побара да му ја симнат аболицијата за „Глобал“, а сега, кога доби можност, молчи. А така би добил „три за среќа“ – „Глобал“, „Пуч“ и „Поткуп“ на едно место. Штамата продолжува…
Бараат правда, одбиваат одговорност
Ниту „шарените“ не се над законот
Да не забораваме дека во само една недела, освен што СДСМ се откри како главен логистичар на хулиганите, своето дејствување во Македонија го потврди и контроверзната КАНВАС, организација што во некои земји се третира како терористичка. Кога на сето ова ќе се додаде аферата „Платеничка револуција“, која откри фрапантни шест милиони евра, пари за плати, хонорари и за надомест од Сорос за неколку стотини најгласни револуционери, не е тешко да претпоставиме што сѐ може да очекуваме од оваа структура. Тоа што е непознато е до кога институциите ќе го толерираат вандализмот на една мала група платеници и насилници? Кукањето за „полициски притисоци“ и „постојано приведување демонстранти“ не е ништо друго, освен патетично и безобразно подбивање со органите на редот и на законите во државата, ако се земе предвид беспрекорната толерантност на полицијата, која со недели немо ги следи хулиганските испади на дел од демонстрантите. Од друга страна, ако уништувањето објекти, сквернавењето споменици, поткопувањето на економијата, загрозувањето на безбедноста на државата и на граѓаните е дозволиво и оправдано, ако Уставот е заменет со законите на улицата, ако веќе нема кој во државата да ги гарантира основните човекови права, тогаш сите други имаат еднакво право да излезат на улица и да го изразат својот револт. Токму затоа сега се на потег институциите, кои треба да покажат дека законите важат за сите еднакво.
Бои за интересите на Сорос
Бојосување за преземање на суверенитетот
„Сорос не е Робин Худ. Парите што ги вложува имаат за цел ограбувачки операции против нациите од Источна Европа, како и да организира напади врз нивниот суверенитет“. Ова стои на порталот на „Ленка“, од каде се и Здравко Савевски и неколкумина други актуелни бојосувачи. Доколку му се дозволи на Сорос преку СДСМ да завладее со државата, што би му застанало на патот на неговата цел?
Војската на Сорос не застанува со малтретирање на граѓаните со секојдневните протести, иако политичките процеси се вратија во парламентот, изборите се одложени на неопределено време, а со смена на законското решение се повлекуваат и одлуките за аболиција од претседателот на државата. Тоа што врхушката на СДСМ се обиде да се претстави како предводник на „шарените“ фрлајќи неколку кондоми со боја, беше само тажен чин на покорување пред финансиерот Сорос пред кого сè уште не ги исполниле барањата.
Интервју: Драги Димитриевски, декан на земјодески факултет
Со аграрната политика не смее да се експериментира
Често се дебатира прашањето за производството на храна и растот на увозот на храна, но мора да се стави во друг контекст, дали расте доходот на населението, дали имаме увоз поради извоз, што ни се случува во одделни потсектори, но и во контекст на едно поинтензивно зголемување на извозот на храна. Вистина е дека расте и увозот на храна, но сигурно е дека Македонија секогаш ќе увезува одредени количества храна – ниедна држава не затвора увоз на храна. Второ, од 2008 година целосно е спроведен договорот со Светската трговска организација, имаме Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ, ние сме членка на ЦЕФТА и имаме многу билатерални договори за слободна трговија. На терен тоа значи дека Македонија сѐ помалку и помалку ќе може да користи таканаречени ценовно-пазарни мерки со кои ќе го заштитува пазарот, ќе забранува поинтензивен увоз и на тој начин ќе фаворизира домашно производство. Јас не велам дека тоа не е добро и дека нема да може да се прави во одредени периоди, кога ќе настанат сериозни нарушувања на пазарот, тоа е предвидено и со договорите, меѓутоа тоа не може да биде интензивно и тоа е една од причините за еден поинтензивен увоз на производи од регионот на нашиот пазар. И македонскиот пазар станува сериозна конкуренција на нашите производители. Тоа мора да го разбереме во насока дека сето тоа што ќе го понуди државата за да се зголеми конкурентноста, ќе мора да го користат на еден посоодветен начин за да може да бидат поконкурентни и подоминантни на домашниот пазар и поконкурентни при настап на регионалниот, европскиот и на светскиот пазар, вели Димитриевски во интервју за Република.
Кому му пречи модернизирањето на железницата?
Возовите и патниците жртви на подли политички игри
Последниот инцидент со поставениот метален контејнер на пруга ја згрози јавноста. И досега се случувале напади со поставување барикади, но, очигледно, вандалите стануваат сѐ поагресивни, а кога на пругата се поставуваат различни предмети, кои можат да предизвикаат само штета, во никој случај не може да се наречат непромислени постапки, дециден е директорот на патнички превоз на МЖ – Транспорт а.д., Кире Диманоски.
– Овие се т.н. економски и политички мотивирани инциденти, кои се со крајна цел да се оневозможи нормален, редовен и квалитетен железнички сообраќај. Ова е посебно важно да се знае бидејќи во последниот период има пораст на бројот на превезени патници, најмногу поради новите превозни средства, но и поради новите мерки за зголемување на мобилноста на граѓаните. Е токму овие причини се мотив за нелојалната конкуренција во превозот или на другите вандалски настроени граѓани да се дрзнат да оштетуваат – вели Диманоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст