| четврток, 6 декември 2018 |

Силен на зборови, кукавица на дело – Заев остана единствениот аболиран политичар

naslovna196-1

Во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од 3 јуни 2016 година, ќе читате:

 

Силен на зборови, кукавица на дело

Заев остана единствениот аболиран политичар

Пре­тсе­да­те­лот Ива­нов му да­де до­бра шан­са на Зо­ран За­ев да си го обе­ли сопс­тве­ни­от образ. Не са­мо не­му, ту­ку и на со­пру­гот на не­го­ва­та за­ме­нич­ка, поз­на­ти­от Бо­бо Дај­нерс, кој, исто како и Со­ња Ве­ру­шев­ска, мол­чи за мож­но­ста да ја сим­не дам­ка­та од сво­е­то име. За­ев се­га мо­же да до­ка­же де­ка е не­вин, тоа што тол­ку го­ди­ни го твр­ди. За про­ме­на, има мож­ност да по­твр­ди ба­рем еден единс­твен сопс­твен исказ. „Ре­во­лу­ци­о­нер­но“ рас­по­ло­жен,  из­ја­ви де­ка ќе по­ба­ра да му ја сим­нат або­ли­ци­ја­та за „Гло­бал“, а се­га, ко­га до­би мож­ност, мол­чи. А та­ка би до­бил „три за сре­ќа“ – „Гло­бал“, „Пуч“ и „По­ткуп“ на ед­но ме­сто. Шта­ма­та про­дол­жу­ва…

 

Бараат правда, одбиваат одговорност

Ниту „ша­ре­ни­те“ не се над за­ко­нот

Да не за­бо­ра­ва­ме де­ка во са­мо ед­на не­де­ла, освен што СДСМ се откри ка­ко гла­вен ло­ги­сти­чар на ху­ли­га­ни­те, сво­е­то дејс­тву­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја го по­твр­ди и кон­тро­верз­на­та КАНВАС, ор­га­ни­за­ци­ја што во не­кои зем­ји се тре­ти­ра ка­ко те­ро­ри­стич­ка. Ко­га на се­то ова ќе се до­да­де афе­ра­та „Пла­те­нич­ка ре­во­лу­ци­ја“, ко­ја откри фра­пант­ни шест ми­ли­о­ни евра, па­ри за пла­ти, хо­но­ра­ри и за на­до­мест од Со­рос за не­кол­ку сто­ти­ни најг­лас­ни ре­во­лу­ци­о­не­ри, не е те­шко да прет­по­ста­ви­ме што сѐ мо­же да оче­ку­ва­ме од оваа стру­кту­ра. Тоа што е не­поз­на­то е до ко­га ин­сти­ту­ци­и­те ќе го то­ле­ри­ра­ат ван­да­лиз­мот на ед­на ма­ла гру­па пла­те­ни­ци и на­сил­ни­ци? Ку­ка­ње­то за „по­ли­ци­ски при­ти­со­ци“ и „по­сто­ја­но при­ве­ду­ва­ње де­мон­стран­ти“ не е ни­што дру­го, освен па­те­тич­но и без­о­браз­но под­би­ва­ње со ор­га­ни­те на ре­дот и на за­ко­ни­те во др­жа­ва­та, ако се зе­ме пред­вид бес­пре­кор­на­та то­ле­рант­ност на по­ли­ци­ја­та, ко­ја со не­де­ли не­мо ги сле­ди ху­ли­ган­ски­те ис­па­ди на дел од де­мон­стран­ти­те. Од дру­га стра­на, ако уни­шту­ва­ње­то об­је­кти, сквер­на­ве­ње­то спо­ме­ни­ци, по­тко­пу­ва­ње­то на еко­но­ми­ја­та, за­гро­зу­ва­ње­то на без­бед­но­ста на др­жа­ва­та и на гра­ѓа­ни­те е доз­во­ли­во и оправ­да­но, ако Уста­вот е за­ме­нет со за­ко­ни­те на ули­ца­та, ако ве­ќе не­ма кој во др­жа­ва­та да ги га­ран­ти­ра ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва, то­гаш си­те дру­ги има­ат ед­на­кво пра­во да из­ле­зат на ули­ца и да го изра­зат сво­јот ре­волт.  Ток­му за­тоа се­га се на по­тег ин­сти­ту­ци­и­те, кои тре­ба да по­ка­жат де­ка за­ко­ни­те ва­жат за си­те ед­на­кво.

 

Бои за ин­те­ре­си­те на Со­рос

Бо­јо­су­ва­ње за пре­зе­ма­ње на су­ве­ре­ни­те­тот

„Со­рос не е Ро­бин Худ. Па­ри­те што ги вло­жу­ва има­ат за цел огра­бу­вач­ки опе­ра­ции про­тив на­ци­и­те од Источ­на Евро­па, ка­ко и да ор­га­ни­зи­ра на­па­ди врз нив­ни­от су­ве­ре­ни­тет“. Ова стои на пор­та­лот на „Лен­ка“, од ка­де се и Здра­вко Са­вев­ски и не­кол­ку­ми­на дру­ги акту­ел­ни бо­јо­су­ва­чи. До­кол­ку му се доз­во­ли на Со­рос пре­ку СДСМ да зав­ла­дее со др­жа­ва­та, што би му за­ста­на­ло на па­тот на не­го­ва­та цел?

Вој­ска­та на Со­рос не за­ста­ну­ва со мал­тре­ти­ра­ње на гра­ѓа­ни­те со се­којд­нев­ни­те про­те­сти, иа­ко по­ли­тич­ки­те про­це­си се вра­ти­ја во пар­ла­мен­тот, из­бо­ри­те се од­ло­же­ни на не­о­пре­де­ле­но вре­ме, а со сме­на на за­кон­ско­то ре­ше­ние се пов­ле­ку­ва­ат и од­лу­ки­те за або­ли­ци­ја од пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та. Тоа што вр­ху­шка­та на СДСМ се оби­де да се прет­ста­ви ка­ко пред­вод­ник на „ша­ре­ни­те“ фр­лај­ќи не­кол­ку кон­до­ми со бо­ја, бе­ше са­мо та­жен чин на по­ко­ру­ва­ње пред фи­нан­си­е­рот Со­рос пред ко­го сè уште не ги ис­пол­ни­ле ба­ра­ња­та.

 

Интервју: Драги Димитриевски, декан на земјодески факултет

Со аграрната политика не смее да се експериментира

Че­сто се де­ба­ти­ра пра­ша­ње­то за про­из­водс­тво­то на хра­на и рас­тот на уво­зот на хра­на, но мо­ра да се ста­ви во друг кон­текст, да­ли рас­те до­хо­дот на на­се­ле­ни­е­то, да­ли има­ме увоз по­ра­ди из­воз, што ни се слу­чу­ва во од­дел­ни по­тсе­кто­ри, но и во кон­текст на ед­но по­ин­тен­зив­но зго­ле­му­ва­ње на из­во­зот на хра­на. Ви­сти­на е де­ка рас­те и уво­зот на хра­на, но си­гур­но е де­ка Ма­ке­до­ни­ја се­ко­гаш ќе уве­зу­ва одре­де­ни ко­ли­чес­тва хра­на – ни­ед­на др­жа­ва не за­тво­ра увоз на хра­на. Вто­ро, од 2008 го­ди­на це­лос­но е спро­ве­ден до­го­во­рот со Свет­ска­та тр­гов­ска ор­га­ни­за­ци­ја, има­ме До­го­вор за ста­би­ли­за­ци­ја и асо­ци­ја­ци­ја со ЕУ, ние сме член­ка на ЦЕ­ФТА и има­ме мно­гу би­ла­те­рал­ни до­го­во­ри за сло­бод­на тр­го­ви­ја.  На те­рен тоа зна­чи де­ка Ма­ке­до­ни­ја сѐ по­мал­ку и по­мал­ку ќе мо­же да ко­ри­сти та­ка­на­ре­че­ни це­нов­но-па­зар­ни мер­ки со кои ќе го за­шти­ту­ва па­за­рот, ќе за­бра­ну­ва по­ин­тен­зи­вен увоз и на тој на­чин ќе фа­во­ри­зи­ра до­маш­но про­из­водс­тво. Јас не ве­лам де­ка тоа не е до­бро и де­ка не­ма да мо­же да се пра­ви во одре­де­ни пер­и­о­ди, ко­га ќе на­ста­нат се­ри­оз­ни на­ру­шу­ва­ња на па­за­рот, тоа е пред­ви­де­но и со до­го­во­ри­те, ме­ѓу­тоа тоа не мо­же да би­де ин­тен­зив­но и тоа е ед­на од при­чи­ни­те за еден по­ин­тен­зи­вен увоз на про­из­во­ди од ре­ги­о­нот на на­ши­от па­зар. И ма­ке­дон­ски­от па­зар ста­ну­ва се­ри­оз­на кон­ку­рен­ци­ја на на­ши­те про­из­во­ди­те­ли. Тоа мо­ра да го раз­бе­ре­ме во на­со­ка де­ка се­то тоа што ќе го по­ну­ди др­жа­ва­та за да се зго­ле­ми кон­ку­рент­но­ста, ќе мо­ра да го ко­ри­стат на еден по­со­од­ве­тен на­чин за да мо­же да би­дат по­кон­ку­рент­ни и по­до­ми­нант­ни на до­маш­ни­от па­зар и по­кон­ку­рент­ни при на­стап на ре­ги­о­нал­ни­от, европ­ски­от и на свет­ски­от па­зар, вели Димитриевски во интервју за Република.

 

Кому му пречи модернизирањето на железницата?

Возовите и патниците жртви на подли политички игри

Пос­лед­ни­от ин­ци­дент со по­ста­ве­ни­от ме­та­лен кон­теј­нер на пру­га ја згро­зи јав­но­ста. И до­се­га се слу­чу­ва­ле на­па­ди со по­ста­ву­ва­ње ба­ри­ка­ди, но, очиг­лед­но, ван­да­ли­те ста­ну­ва­ат сѐ по­а­гре­сив­ни, а ко­га на пру­га­та се по­ста­ву­ва­ат раз­лич­ни пред­ме­ти, кои мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат са­мо ште­та, во ни­кој слу­чај не мо­же да се на­ре­чат не­про­мис­ле­ни по­стап­ки, де­ци­ден е ди­ре­кто­рот на пат­нич­ки пре­воз на МЖ – Транс­порт а.д., Ки­ре Ди­ма­но­ски.

– Овие се т.н. еко­ном­ски и по­ли­тич­ки мо­ти­ви­ра­ни ин­ци­ден­ти, кои се со крај­на цел да се оне­воз­мо­жи нор­ма­лен, ре­до­вен и ква­ли­те­тен же­лез­нич­ки со­о­бра­ќај. Ова е по­себ­но важ­но да се знае би­деј­ќи во пос­лед­ни­от пер­и­од има по­раст на бро­јот на пре­ве­зе­ни пат­ни­ци, најм­но­гу по­ра­ди но­ви­те пре­воз­ни средс­тва, но и по­ра­ди но­ви­те мер­ки за зго­ле­му­ва­ње на мо­бил­но­ста на гра­ѓа­ни­те. Е ток­му овие при­чи­ни се мо­тив за не­ло­јал­на­та кон­ку­рен­ци­ја во пре­во­зот или на дру­ги­те ван­дал­ски на­стро­е­ни гра­ѓа­ни да се дрз­нат да оште­ту­ва­ат – ве­ли Ди­ма­но­ски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top