Покрај професионалниот бокс кој влегува во програмата на ОИ во Рио, за следната Олимпијада во Токио во 2020 година во олимпиското семејство ќе се приклучат уште пет спортови.
Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), на состанокот во Лозана предложи покрај комбинацијата од бејзбол и софтбол, во олимписката програма да се приклучат уште четири други спортови – сурфање, карате, спортско искачување и скејтбординг.
Конечната одлука по предлогот ќе биде донесена на Генералното собрани на ИОК што ќе се одржи во август годинава во Рио де Женеиро, во пресрет на Олимписките игри.
– Извршниот одбор едногласно ја донесе одлуката овие пет спортови да се приклучат во олимписката програма. Бејзболот и софтболот се следат многу во Јапонија каде каратето има долга традиција. Спортското искачување е спорт кој станува се попоуларен во Европа, скејтбордот е посебно привлечен за младите, а сурфањето ќе биде целосно нова „култура“ за Олимписките игри – истакна потпретседателот на ИОК, Џон Коутс, во образложението на предлогот на ИО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.