Организацијата на држави извознички на нафта (ОПЕК) денеска на состанок ќе разгледа нови квоти на дневно производство, тврдат неименувани извори од тој нафтен картел.
Доколку договорат нова граница, таквата одлука ќе биде голем компромис меѓу членките на картелот, кои на претходниот состанок во декември за првпат во изминатите години не успеаја да се договорат за нивото на производство.
Опек до декември лани имаше одредена граница за производство од 30 милиони барели дневно, што беше во сила од декември 2011 година. Моментно членките произведуваат 32,5 милиони барели нафта дневно. Според изворите, новото ниво би било повисоко од 30 милиони барели дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.