| четврток, 6 декември 2018 |

Омилената поза во сексот открива многу за врската

Вашиот сексуален живот во голема мера открива каков ви е бракот, ако досега не сте се запрашале можеби ние ќе ви помогнеме да дојдете до некои одговори. Омилената поза открива многу за врската, па така двојките кои ја практикуваат позата каубојка склони се кон експериментирање, додека позата лажица ја сакаат оние на кои им е најважна интимноста.

Мисионерската поза е знак на стабилна врска.

Динамиката во кревет открива многу за врската. Двојките кои ја сакаат мисионерската поза веќе долго време се заедно. Навниот брак е стабилен, но во рутина. Сепак, тоа не им пречи, тие во ваквиот однос се чувствуваат удобно и сигурно. Љубовта која ја чувствуваат еден кон друг со годинит се продлабочила, но малку разновидност во спалната соба нема да им пречи.

Поза каубојка – овој однос се темели на компромис

Позата во која жената е горе е знак дека овие парови знаат да се забавуваат. Тие се сугурни, сакаат да експериментираат и да ја истражуваат својата сексуалност. Нема да се двоумат и самите да се погрижат за своето ужеивање. Врската им се темели на компромис и доверба, а секој од партнерите еднакво се труди околу решавање на пробелмите, објаснува основачот на порталот за љубов и романтика “My Secret Luxury”, Стејси Рајбишин.

Кучешка поза – овие двојки се искрени и отворени

Двојките кои уживаат во кучешка поза имаат забавна врска и полна со авантуристички моменти. Тие се искрени и отворени во сексот, но и на сите полиња во животот. партнерите се сигурни во својата сексуалност и не се срамат од своето тело поради што можат и без двоумење да уживаат во креветот. Не им се непознати ни жешките игри со кои настојуваат да го зачинат својот сексуален живот.

Поза лажица – длабока емоционална поврзаност

Поза во која партнерите лежат на страна, со тоа што мажот е зад жената. Оваа поза овозможува посебна интимност. Двојките кои уживаат во позата лажица се и посветени, а најмногу од се се жедни за постојани физички и емоционални контакти. Тие одлично се разбираат, особено на емотивно ниво.

Брз секс – во оваа врска нема недостиг на страст

Под туш во автомобил или на масата во кујна, овие партнери секој слободен момент го користат за секс. Нивната врска е динамична, страстна и пред се спонтана. оваа страст ги носи толку далеку што понекогаш не можат да ги тргнат рацете еден од друг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top