| четврток, 6 декември 2018 |

Нова закана: Вирус кој за еден ден може да усмрти 450 милиони луѓе

Менингококен менингитис, болест која „ може да убие за 24 часа“ се заканува да убие 450 милиони Африканци оваа година, предупредуваат експертите од тој континент.

„Менингококниот менингитис е светски проблем кој, по проценките, секоја година погодува 1,2 милиони луѓе и предизвикува смрт на 135.000 од нив“, велат лекарите од западните и средишните делови на Африка.

„Дваесет и шест земји, кои се дел од афричкиот појас на менингитис, што се протега од Сенегал до Етиопија, каде живеат 450 милиони жители, можат многу тешко да настрадаат во периодични епидемии“, велат лекарите кои учествувале на конференција по тој повод.

Според зборовите на Елиа Гилбернејз од Санофија, менингитисот е и понатаму проблем за кој мора да се реагира во многу брзо време со што би се спречила трагедија.

„Ги повикавме државите да создадат сигурносни залихи на вакцини против менингитис, кој доаѓа. Меѓутоа нас често не не слушаат, дури и дејствуваат во последен час, кога епидемијата веќе е започната.“ – се жали тој.

Професорот Мамаду Киета Маруф од Мали се залага за кампања за масовно вакцинирање како превентива на болеста која практично ја погоди цела едена генерација.

Епидемијата на менингитис секоја година ја погодува Африка помеѓу месеците мај и декември. Сувиот период проследен со силен ветер кој носи прашина и студени ноќи ги изложува жителите на респираторни инфекции и го олеснува ширењето на бактерии.
Болеста предизвикува воспаление на мозочната кора и ‘рбетниот мозок и влијае претежно на деца и млади луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top