Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ која неодамна мошне гламурозно го прослави својот 18 роденден реши да ја покаже хуманата страна. Иако сите се смеат и шегуваат за роденденот и гламурот кој се подготвува за нејзиното полнолетство, таа одлучи подароците од луксузната журка, односно парите кои ќе ги добие да ги донира во хуманитарни цели.
Младата Анастасија е презадоволна со гламурозната журка која ја организираше мајка и, а на шегите не им придава големо внимание, оти смета дека тоа го прават луѓе кои немаат свој живот, рече таа меѓудругото во емисијата на Огнен Амиџиќ.
-Секако дека ми импонираат убави коментари, има и негативни, но јас секогаш се водам со тоа дека човековите зборови се неговата одлика. Што и да напише, тоа зборува за него. Секоја девојка, моја врсничка, го слави 18-тиот роденден, не треба толку да се зборува за тоа, и не очекував. Не ми беше сеедно. Бев потполно опуштена додека се подготвував, затоа што знаев дека се ќе биде како што треба, а моето чувство никогаш не ме лаже – му откри Анастасија на Огнен и додаде дека моментално е прва година на факултетот за бизнис, како и дека супер и оди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.