Заборавете на масна храна или литри и литри изотоничен пијалок по незаборавната забава. Сега, со помош на еден јужнокорејски десерт наводно ќе може безболно да го преживеете мамурлукот.
Во Јужна Кореја една фабрика почнала да произведува сладолед со вкус на грејфрут кој треба да лечи мамурлук.
Главната тајна состојка е овошниот сок од ориентално грозје. Сокот е традициоанлен корејски лек против мамурлук кој се користи од 17. век.
Јужна Кореја е познат центар за забава во цела Азија како и најголем конзумент на алкохол по глава на жител во регионот.
Според извештајот на Светската здравствена организација во 2014 година секој Јужнокореец конзумирал 12,3 литри алкохол за една година.
За споредба, Американците пијат во просек 9,2 литри алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.