| четврток, 6 декември 2018 |

Швајцарија пробно го пушта во употреба најдолгиот тунел на светот (ВИДЕО)

Се очекува 57 километри долгиот тунел „Готард“, кој е граден цели 17 години, значајно да го олесни сообраќајот помеѓу северот и југот на Европа.

sjhxsvbxzcvxzcv

Претседателката на Швајцарија Симонета Сомаруга, претседателот на Франција Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел ги предводеа многубројните европски официјални лица кои присуствуваат на свеченото отварање на тунелот кој поминува низ срцето на швајцарските Алпи

Тунелот има една трака, а ги поврзува швајцарските градови Ерсфелд и Бодио во кантонот Тичино. Денешното свечено отварање истовремено е и почеток на тестирањето на железницата.

Бидејќи тунелот е рамен по целата должина, возовите ќе можат да развијат брзина до 250 километри на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top