Поради промена на климата и екстремните временски услови храната е сè поотровна предупредуваат научниците.
Се произведуваат сè повеќе штетни хемиски соединенија поради приспособување на зачестените екстремни временски услови. Тоа предизвикува здравнствени проблеми кај луѓето и добитокот што ги користат во исхраната, предупредуваат научниците.
Во новиот извештај на програмата на Обединетите нации (ОН) за животната средина, пишува дека пченицата и пченката развиваат поголемаи потенцијални отрови поради самозаштита од екстремното време. Овие хемиски соединенија се штетни за луѓето и добитикот ако се конзумираат подолг период, се предупредува во извештајот.
Се смета дека во пченицата, пченката, јачменот, сојата, просото и шеќерната трска се собираат премногу нитрати. Ако по подолго време на суша се изложени на големи количини дожд, некои посеви испуштаат многу отровен гас познат како „пруска киселина“.
Труење со оваа киселина е забележано во Кенија и на Филипините.
Според официјалните податоци, 4,5 милијарди луѓе во земјите во развој секоја година се изложени на алфатоксини, а тој број постојано расте.
Европа ќе биде погодена ако глобалната температура порасне за два Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.