Бурето со вино и годинава беше причина многумина денес да влезат во водите на Охридското Езеро. Традиционално на денот на рибарите во Охридското езеро се капеа стотина млади охриѓани и ветераните. Тие се тркаа по бурињата со вино. Петар Рупески од Варош беше најсреќен, тој го фати наградното буре.
На традиционалното капење на рибарите во водите на Охридското Езеро, учествуваше и поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере.
– Ова е една прекрасна традиција. Токму традициите спроведени од народот, од локалната заедница се работите што ја издвојуваат Македонија. Навистина треба да им се оддаде признание на организаторите за сите активности што од година во година ги преземаат за унапредување на оваа величенствена манифестација – рече Фуере.

ФОТО: ЃОРГИ ЛИЧОВСКИ (РЕПУБЛИКА)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.