| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Од денеска во Грција сѐ е поскапо

По вторпат за помалку од една година во Грција од денеска е зголемен данокот на промет од 23 на 24 проценти.09092014170441_ruski-turisti

Зголемувањето на данокот е во согласност со барањата на кредиторите на земјата во замена за финансиска помош, а овој пат Грците се најразочарани затоа што се погодени главните компоненти на секојдневниот живот – кафето и пивото.

Од денеска се зголемени и даноците на услуги, како што е интернетот, фиксниот телефон и телевизиската претплата за кабелската и сателитската телевизија.

Мерките беа одобрени од страна на Парламентот пред партнерите на Грција од еврозоната да се согласат да одмрзнат 10,3 милијарди евра помош и да започнат разговори за олеснување на долгот на Атина.

Грчката влада, исто така, изврши реформи во пензискиот систем и потпиша договор за амбициозни буџетски цели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top