| четврток, 6 декември 2018 |

Нови проблеми за Дунга пред Копа Америка

karlos dunga

Како што се ближи почетокот на Копа Америка така се поголеми стануваат и проблемите на бразилскиот селектор Карлос Дунга. Минатата седмица кормиларот на „кариоките“ остана без помошта на Даглас Коста од Баерн, а сега дополнителна главоболка му создаде повредата на Рафиња. Плејмејкерот на Барселона неодамна се рехабилитираше од тешка повреда на коленото, но на финалето од Копа дел реј со Севилја го повреди мускулот, па ќе мора да паузира еден месец од терените.

На негово место Дунга го повика Лукас Моура, брзоногиот офанзивец на ПСЖ кој сигурно ќе ги зголеми и опциите во нападот во ситуација кога Даглас Коста не е во тимот.

Рафиња, бразилскиот селектор остана и без помошта на голманот на Бенфика, Едерсон, на чие место на репрезентацијата ќе и се приклучи Марсело Грохе од Гремио.

Организатор на Копа Америка оваа сезона е САД, а започнува на 3.јуни и трае до 26.јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top