Северна Кореја ја поддржа номинацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, упатувајќи пофалби кон него дека е „далекувид претседателски кандидат“, способен да ги ослободи Американците од стравот од нуклеарен напад на Пјонгјанг.
Во напис во весникот „ДПРК Тудеј“, еден од гласниците на официјален Пјонгјанг, Трамп се опишува како „мудар политичар“ и „вистински избор за американските гласачи на претседателските избори на 8 ноември“.
Фаворитката за номинација на Демократската партија за претседателските избори и најголем ривал на Трамп, Хилари Клинтон весникот ја нарече „глупава Хилари“, поради нејзниот предлог да се примени иранскиот модел на сеопфатни санкции со цел решавање на проблемот за нуклеарно вооружување на Корејскиот Полуостров
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.