| четврток, 6 декември 2018 |

Од музичкото шоу „Гласот на Германија“ до „Макфест 2016“

Германската пејачка Јудит ван Хел е уште една од странските пејачи кои годинава ќе го искористат интернационалниот карактер на „Макфест“. Таа ќе настапи со песната „The unknown“, во првата полуфинална вечер, под реден број 13.

  • „The unknown“ е песна која во себе содржи порака дека треба да бидеме отворени за нови љубови и за тоа што ни го носи животот. Треба да ги урнеме зидовите околу нас, да се бориме против стравот и да го земаме тоа што ни го нуди животот. За мене е важно да престанам да размислувам за своите одлуки, туку само да го изберам патот или да ги пуштам нештата сами да се случуваат.“ – вели Јудит ван Хел.

Judith 2

Пејчката додава дека едвај чека да пристигне во Македонија, бидејќи сите и зборуваат дека во Македонија е супер и дека луѓето се драги и дружељубиви.

 

Јудит во 2013 година се натпреварувала во телевизиското музичко шоу „Гласот на Германија“ („The Voice of Germany“) и тоа учество и донело неповторливо искуство. Настапила и во дует со Британцеот Том Одел со неговата песна „Another love“.

Judith 1

И таа поканата за настапот ја добила од Милица Фајгељ (Boomerang Artist Management), која се занимава со музички менаџмент веќе неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top