| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ: Турција напредува во исполнувањето на условите за визна либерализација

turcija euЕвропската Унија денеска соопшти дека Турција остварува напредок во исполнувањето на критериумите за визна либерализација.

Во соопштението на официјален Брисел се наведува дека е остварен напредок во три од петте спорни подрачја, но и дека антитерористичкиот закон и техничките стандарди за биометриски пасоши и натаму претставуваат камен на сопнување, пренесоа американските медиуми.

Официјална Анкара мора да исполни 72 критериуми за ЕУ да и ги укине визите, но турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одбива да дозволи измени во антитерористичкиот закон, што претставува еден од условите.

Визната либерализација е дел од договорот што ЕУ и го понуди на Турција за оваа земја да го запре приливот на мигранти во Европа. Ердоган, меѓутоа, предупредува дека овој договор може да биде поништен доколку Европа не ги укине визите за Турција.

Турскиот заменик премиер Нуман Куртулмус изјави дека, со цел да се поттикне напредокот во преговорите, „одлучено е турскиот министер за европски интеграции во следните неколку дена да отпатува на разговори во Брисел“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top