Организаторите на Ролан Гарос повторно се соочуваат со проблеми поради врнежите од дожд. Временските неприлики и претходните денови го диктираа распоредот на тениските мечеви како што е и случајот со денешниот ден. Па поради тоа, првпат од 2000. година престижниот Гренслем турнир ќе помине еден ден без дуели.
Деветтиот натпреварувачки ден на кој требаше да се одиграат полуфиналните пресметки и во машка и во женска конкуренција ќе биде одложен за утре, доколку дождот повторно не ги присили организаторите уште еднаш да го променат распоредот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.