| четврток, 6 декември 2018 |

Новата државна неонатална кардиохирургија ќе биде сместена во болницата Козле

Кардиохирургијата за деца која како проект ја развива министертвото за здравство се подигнува на уште повисоко ниво. Во разговорот помеѓу претседателот на ВМРО-ДМНЕ Никола Груевски и министерот Тодоров при посетата на струмичката болница, беше сооопштено дека државната неонатална кардиохирургија ќе биде сместена во болницата за детски болести Kозле, каде неодамна беше пуштен новиот објект кој ги запазува највисоките стандарди.

Освен тоа веќе тим од стручњаци врши оперативни зафати на деца со вродени срцеви мани или срцеви заболувања и тоа многу успешно. Раководител на проектот и главен ментор е признатот кардиохирург Вилијам Бил Новик кој во Сад беше прогласен за најдобар неонатален кардио хирург. Домашниот кадар успешно се вклопува и дури 50 осто од операциите самостојно ги извршуваат, од почетната до крајната фаза. А постепено и ќе се проширува тимот.

Ваквата развојна компонента на болницата Козле доаѓа откако претходно беше изграден комплетно нов објект, но многу се вложува и во едукација на персоналот кој преку проектот размна на медицински знаења и обука на медицински персонал стекнува вештини во најдобрата европска детска клиника италијанската болница Бамбино Џезо. А исто така болницата Козле прераснува и регионален центар за видео бронхоскопија.

Паралелно со ова се продолжува и си со развивање на проектот за државна кардиохирургија, каде се привлекува и познат кадар на доктори и медицински персонал кој работи во угледни медицински центри во светот а се со потекло од Македонија, да дојдат и да придонесат во развојот на овој нов проект во македонското здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top