Болницата Козле е мал клинички центар, појасни Оливер Зафировски, прв човек на институтот за белодробни заболувања кај децата зборувајќи за можностите кои што ги нуди овој медицински центар.
– Имаме комплетна наша микробиологија, наша биохемија, алерго тестови, стирометрија, буквално кога ќе дојат пациентите можат да ги направат сите тие испитувања за помалку од два часа. Тука спаѓаат и ренген и ехо. Се работи за комплетен мал клинички центар кој го овозможува сето она што му е потребно на детето. Задоволството е големо, за неколку часа пациентите ги имаат сите испитувања и заминуваат дома, истакна Зафировски.
Тој заедно со Сашко Јовев од Универзитетска клиника за државна кардиохирургија беше гостин во ОКО на ТВ Нова, со Горан Петревски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.