Индивидуалните награди на Ф4 турнорот од Лигата на шампионите во Келн завршија кај двајца ракометари кои годинава со својот тим не се искачија на победничкиот писедестал. Најдобар стрелец во ЛШ за оваа сезона е бекот на ПСЖ, Микел Хансен, а за МВП на Ф4 во Келн е прогласен Арон Палмарсон од Весперем.
Микел Хансен ја освои „златната топка“ за најдобар стрелец сезонава во ЛШ со фантастични 141 гол на 18 натпревари, вклучувајчи ги и 20 гола постигнати на Ф4 во Келн, што во просек значи по 7,8 гола по натпревар. Хансен по втор пат ја освојува титулата прв стрелец во ЛШ, тој беше на врвот на голгетерската листа и во 2012 година кога настапуваше за Копенхаген.
За данскиот бек сепак е само утешна награда во споредба со фактот дека ПСЖ не успеа да се пласира во големото финале и на крај заврши на 3.место во Келн.
– Златната топка не значи многу, тоа значи дека јас имав добри соиграчи кои ме ставија во вистинска ситуација. Среќен сум поради тоа. Ние сме многу добар тим и всушност, и не е битно кој постигнал најмногу голови, целта е да се победи – изјави Хансен.
Признанието за најдобар играч заврши во рацете на Ислаѓанецот Арон Палмарсон, по втор пат како утешна награда по поразот на неговиот тим во финалето. Палмарсон беше МВП и во 2014 година тогаш во дресот на Кил, кој во финалето на Ф4 беше поразен од Флензбург. Годинава Палмарсон ја доби наградата по спектакуларниот пораз на Веспем од Кјелце.
– Во овој момент, воопшто не ми е важна наградата. Едноставно, ситуацијата е премногу тажна за нас. Можеби по завршувањето на кариерата, кога ќе погледнам во пехарот ќе бидам горд на тоа. Но во овој момент јас се чувствувам празно и тажно, во шок сум по поразот. Не можам да верувам што ни се случи. Веќе го имавме добиено натпреварот, сите го знаеја тоа . И тогаш… не знам што се случи – рече најдобриот играч на Ф4 турнирот во Келн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија