И оваа година ќе се одржи Меѓународен добротворен базар во организација на „Добредојде“ Macedonia Welcome Center – DMWC , а по повод 1-ви јуни – Меѓународниот ден за заштита на правата на детето.
Базарот ќе се одржи на 4 јуни (сабота), во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје, со почеток во 11 часот.
Базарот за отворен ќе го прогласат: Г-ѓа Емилија Миладинова Аврамчева – претседател на DMWC, Г-дин Коце Трајановски – градоначалник на Град Скопје, Н. Е г-дин Чарлс Гарет – амбасадор на Велика Британија во Македонија и почесен претседател на Базарот за 2016 година.
11.00 часот – отворање на Базарот
11:30 -13:00 Музичко-сценски настап на ученици од: Американско училиште (American School), Британска детска академија (Британска градинка), Дневен центар за деца од улица – Шуто Оризари, Француско меѓународно училиште, КУД Цветан Димов, Меѓународно училиште НОВА, Меѓународно училиште Кју – Ес – Ај (QSI), НВО Сумнал, Центар за модерни и спортски танци „Прима Данца“
14:00 Лотарија – извлекување на добитни броеви
15:00 Доделување на благодарници на учесниците и спонзорите
16:00 Затворање на Базарот
Aмбасади кои ќе промовираат и продаваат производи и сувенири од нивните земји:
- Амбасада на Република Албанија
- Амбасада на Република Бугарија
- Амбасада на Велика Британија
- Амбасада на Република Италија
- Амбасада на Исламска Република Иран
- Амбасада на Држава Катар
- Амбасада на Народна Република Кина
- Амбасада на САД
- Амбасада на Република Србија
- Амбасада на Република Словачка
- Амбасада на Република Словенија
- Амбасада на Република Турција
- Амбасада на Република Франција
- Амбасада на Црна Гора
- Амбасада на Кралството Шпанија
- Амбасада на Кралството Холандија
Меѓународни Организации: ОБСЕ – Организација за безбедност и соработка на Европа, Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), Делегација на УНИЦЕФ, Скопје, Делегација на Европската Унија, Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.