Напаѓачот на Шкендија Марјан Радевски беше во фокусот на вниманието на фудбалската јавност во Македонија во изминатите три дена. Тој најпрвин на 27.мај настапи во квалификациите за младата репрезентација до 21 година против селекцијата на Украина и беше еден од најзалужните за големата победа од 2-0 на гостински терен, а веднаш по мечот отпатува за Австрија каде одигра и за сениорскиот состав во пријателскиот дуел со Азербејџан, и таму постигна гол со кој го отвори резултатот за победата од 3-1.
– Среќен сум. Секој гол за Македонија ми е подеднакво драг. Добро, овој ми е прв во А-тимот и секако дека ќе го паметам засекогаш. Лесно е да се игра покрај Горан Пандев. Тој е мајстор, ми сервираше одлична топка, а во тие моменти нема многу размислување, шутираш и се надеваш дека топката ќе заврши на вистинското место. За среќа, ми оди во последно време, хехех…Навистина ми е драго што после Украина ние помладите дојдовме во А – селекцијата и што донесовме победнички дух и овде. Продолжуваме, сега не очекува нов дуел против Иран во Скопје – вели Марјан Радески.
Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа веднаш по мечот со Азербејџан во Бад Ерлах, се врати во Скопје и сега мислите ги насочува кон следниот противник, пријателскиот натпревар против Иран на 2 јуни, на арената „Филип Втори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина