Стратегот на Веспрем, Хавиер Сабате, беше шокиран од начинот на кој неговиот тим загуби добиен натпревар во финалето од Лигата на шампионите. Унгарскиот гигант беше на чекор до прва европска круна, во второто полувреме имаше предност од девет гола, но потоа 12 минути не постигна ниту еден погодок и му овозможи на Кјелце да се врати во финалето, па на крајот во пенал-рулет и да се закити со титулата.
– Честитки до Талант Душебајев и до ракометарките на Кјелце, одиграа фантастично финале. Ние бевме подобри во првите 45 минути, но потоа неочекувано паднавме. Нивните голмани фатија многу топки, но пресуди сепак нашиот психолошки пад, не ја научивме најважната лекција, дека ракометот се игра 60 минути. Јасно е, разочарувањето е огромно, искрено ми е многу жал за моите играчи, кои го заслужија овој пехар – истакна Сабате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.