Отворања на нови работни места постепено ќе доведуваат до притисок на пазарот на работна сила во правец на зголемување на платите на работниците. Ова ќе се случи затоа што колку помалку има невработени, толку повеќе ќе расте цената на трудот. И обратно. Кога има премногу луѓе што по секоја цена бараат работа, цената на трудот опаѓа – изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ во интервју за порталот „Телеграф“.
Според Груевски, ова, пак, ќе значи подигнување на заработувачката и на животниот стандард на населението.
– Ако еден работодавач има на располагање илјадници невработени што би работеле за, на пример, 200 или 300 евра месечно, зошто тој би плаќал повеќе. Но ако има многу малку такви, и згора на тоа поспособните веќе се вработени, а нему му требаат такви, тогаш тој самиот, без некој да го тера, без штрајкови или владини интервенции, ќе почне да нуди повисоки плати.
Значи, патот до реално повисоки плати и повисок животен стандард оди преку намалување на невработеноста, што истовремено мора да е проследено и со зголемување на продуктивноста. А токму тоа се случува во овие години. Постојано намалување на невработеноста преку создадени одлични услови за водење бизнис и одлична воспоставена мрежа на контакти со потенцијалните инвеститори.
Погледнете, кога дојдовме во Владата Светска банка нè рангираше на 94. место во светот, според условите за водење бизнис. Сега нè рангира на 12. место во светот и шесто во Европа, и тоа веднаш зад четирите скандинавски земји и Англија кои, пак, имаат далеку поголеми трошоци за работа и производство.
Како прв човек на најголемата владејачка партија, која пред сè е насочена кон приоритетите на граѓаните, овој процес детално го следам. Еве, од почетокот на годинава досега имаме 17 нови странски инвестиции. Дел од нив почнаа градба на фабрика, дел работат во некој постоечки, а претходно напуштен објект, дел по долги преговори потпишаа договор со Владата, дел ги завршија инвестициите и почнаа со работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците, бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи!
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Македонците ќе имаат најкраток работен век во Европа