| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемиот мурал посветен на Дејвид Боуви е во Сараево

Во кампусот на универзитетот во Сараево ќе биде поставен најголемиот мурал посветен на Дејвид Боуви.

Во изработката на муралот, со големина од 13 на 10,5 метри, учествувале група ентузијасти и уметници кои се потпишуваат како „Bowie team Sarajevo“.

– Најголемиот мурал во светот посветен на Боуви ќе биде уште една значителна туристичка одредница во Сараево, соопшти Амбасадата на Велика Британија во БиХ, чиј амбасадор ќе присуствува на откривањето на муралот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top