Можеби не бев многу забележителен, но имав визија дека ќе го постигнам голот за победа. Пред изведувањето на пеналите му реков на Зидан да ме остави да шутирам петти бидејќи знаев дека ќе биде гол за победа. Многу ми е мило за Зизу, направи феноменална работа и навистина сум среќен што го освои трофејот во Лигата на шампионите како тренер, изјави Роналдо, откривајки им на новинарите што му кажал на Зидан пред да започне изведувањето на ударите од 11 метри.
Реал Мадрид по 11-ти пат во клупската историја стигна до толку ценетата титула во Лигата на шампионите, а негова жртва синоќа во Милано беше големиот градски ривал Атлетико кој сигурно уште долго ќе го памети новиот пораз во најелитното натпреварување
Честа да го изведе последниот пенал кој го донесе огромниот триумф ја имаше Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.