| четврток, 6 декември 2018 |

Нов матурски инцидент: Двајца повредени по пад од багажник на автомобил

Уште еден во низата инциденти поврзани со славењето на матурата во регионот. Двајца матуранти од Медицинско училиште во Чачак, Србија, се повредени синоќа откако паднале од багажникот на автомобил во движење.

До несреќата дошло кога момчињата прво седеле на прозорците на автомобилот, а потоа се префрлиле на багажникот. Тие му тропале на возачот да побрза, по што и двајцата паднале на асфалтот.

Едниот од нив е префрлен во болницата во Крагуевац со тешка овреда на главата, додека вториот со олесни повреди е задржан во Чачак.

Здравствената состојба им е стабилна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top