Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја објаснува положбата на партијата во однос на одлуката на претседателот Иванов за општа аболиција. Партијата и тој лично покажаа и разбирање и несогласување со одлуката на претседателот.
Разбирање, затоа што веруваме дека намерата беше добра, онака како што тој ја објасни во неговите излагања. Помирување и приближување кон крајот на политичката криза. Несогласување затоа што некако влеговме во ист кош со луѓе кои имаат сторено криминал и за кои има легално прибавени докази. Особено затоа што тие исти луѓе не го вадат од уста зборот „криминалци“ кога говорат за нас. А поголеми криминалци од нив нема. Луѓе кои веќе еднаш добија аболиција за криминал. Во ист кош со луѓе кои со години си ги делеле тендерите во општините каде што се на власт со роднините и партиските соработници, вели Груевски во мегаинтервјуто за Телеграф.
Иванов го гледаше државниот интерес
Инаку, познавајќи го претседателот Иванов, знаејќи дека тој е човек кој секогаш интересите на државата и на граѓаните ги става пред своите лични интереси, и кој е спремен да преземе и лични ризици за да даде придонес во напредокот на земјата, не се сомневам дека направи чекор со намера да го заштити државниот интерес. Јас верувам дека сè што кажа во образложението и го мисли. Тој навистина сака да постигне помирување, од кое корист би имала државата.
Ако го гледаше личниот, а не државниот интерес, ќе си молчеше и ќе набљудуваше, кога и онака СДСМ одби негово посредништво во кризата.
И конечно, сите ние кога носиме некаков суд за некои крупни и стратешки одлуки, забораваме дека сите крупни одлуки вистинската вредност ја добиваат кога ќе се погледнат од една временска дистанца. Можеби по 3, 5 или 10 години многумина од оние што сега се нафрлија врз него и неговиот обид за помирување поинаку ќе гледаат на неговата одлука, а во навредите искажани кон него ќе ја препознаат својата слабост и кратковидост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!