Шест агрометеоролошки станици во шест плански региони ќе бидат поставени до крајот на годинава, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.
Целта на овој нов проект на Министерството е земјоделците преку СМС пораки да добиваат информации за очекуваните временски услови во нивниот регион со препораки за евентуално третирање со пестициди.
Како што рече министерот Цветков во обраќањето на манифестацијата „Ден на пченицата“, доколку корисниците оценат дека проектот е ефикасен, следната година ќе се постават дополнителни 30 агрометеоролошки станици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.