| четврток, 6 декември 2018 |

За два месеци со евтините авиобилети летале над 112 илјади граѓани

Новите автобуси, изгрaдбата на автопат, евтините авиобилети се дел од отчетот на министерот Јанакиески за минатата година за сработеното во Транспорт и врски

Лани е завршена набавката на нови автобуси, почна изградбата на последната  автопатска делница од Коридорот 10 и беа намалени цените на авиобилетите, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во отчетот за 2012 година во неговиот ресор.

Според Јанакиески, после повеќе децении низ улиците има 311 нови автобуси. На граѓаните им се овозможени и пониски цени на авиобилетите преку проектот за финансиска поддршка на авиопревозници и склучениот договор со нискотарифната компанија Виз Ер која започна со оперирање на 6 нови дестинации од Скопје до Малме, Базел Тулуз, Ајндховен, Дортмунд и Меминген – Минхен.

– Поволните авиобилети за само два месеци, од кога беа воведени ги искористија повеќе од 112.000 граѓани Доказ за успешноста е и зголемениот обем на патници, односно лани на  македонските аеродроми минале 906.871 патници, што пак во однос на претходната година е зголемување за 8,7 отсто, рече министерот за транспорт.

Во делот на патната инфраструктура, Јанакиевски истакна дека се реконструирале и изградиле над 320 километри локални патишта, а особено било посветено внимание на патната делница Катланово – Велес, како и клучниот проект што го стартувале лани  автопатската делница Демир Капија – Смоквица, со должина од 28,2 километри, како дел од Коридорот 10.

Во минатата година, потсети, започна голем инвестициски циклус во железницата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top